ПМФЛ: Пелистер до бод во Кратово, Работнички освои три златни бода на гости кај Башкими!

153
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Силекс – Пелистер 0:0 и Башкими – Работнички 1:2 се резултатите од денешните и последни мечеви од 23.коло, кои се одиграа попладнево во Кратово и Куманово.

Интересно, Пелистер на гости кај фаворизираниот Силекс беше подобар, имаше повеќе шанси, како во првото така и во второто полувреме. Спировски во два наврати, потоа Булатовиќ исто така двапати, а шанса имаше и Мирко Ивановски, но сепак на крајот мораше да се задоволи само со бод. Денеска беше голема шанса за битолчани конечно да го освојат Кратово по долго време, но сепак не успеаја во тоа. Силекс без својот стратег Александар Васоски, кој поради суспензија не беше на клупата, не одигра во рамките на своето реноме.Уште на еден меч дома оваа пролет не успеа да слави.

Работнички во Куманово го победи Башкими со 1:2. Стрелци на головите за гостите беа Мухарем во 11.минута, потоа Талаков во 73.минута зголеми на 0:2, за да Алексовски неколку минути подоцна го ублажи поразот на домашниот состав.

Ова за Работнички е четврта победа во пролетниот дел и сега и тоа како фати приклучок со екипите кои се пред него на табелата во битката за опстанок.

По ова 23.коло Работнички и натаму е претпоследен со 19 бодови, Пелистер има +3, но и двете екипи се на оние места кои водат директно во ВМФЛ и двете екипи ќе го “бркаат“ тимот на Македонија ЃП кој е деветти со 23 бода и е на местото кое води во баражот.

По ова коло и дефинитивно Работнички се врати во игра, познато е дека остануваат уште десет кола, значи уште 30 бодови се тука за тимот од Градски Парк.

Сега веќе опстанокот не е невозможна мисија.

ПретходноСелекторот Лазаров со дополнителен повик за ракометар на Вардар!
СледноПеп со специјална порака до своите играчи пред утрешниот реванш со Реал Мадрид!(ВИДЕО)