Машката репрезентација на Македонија на 26 март (19 ч.) во Лисабон ќе ги добие ривалите за квалификациите за ЕП 2028 во Шпанија, Швајцарија и Португалија.
Во квалификациите ќе играат 32 селекции поделени во осум групи, а на континенталниот собир ќе настапат вкупно 24 репрезентации.
Македонија според рејтингот ќе биде во вториот шешир заедно со репрезентациите на Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија.
Во првиот шешир ќе бидат Германија, Хрватска, Исланд, Шведска, Франција, Норвешка, Унгарија и Словенија.
Во третиот шешир Литванија, Босна и Херцеговина, Белгија, Грција, Украина, Романија, Грузија и Црна Гора, додека во четвртиот ќе бидат Естонија, Летонија, Турција, Косово, Луксембург, Израел, Финска и Словачка.










