Синер за првпат во кариерата го освои Индијан Велс

69
фото: The Tennis Letter @TheTennisLetter (X)

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Индијан Велс, откако во финалето го победи Русинот Даниил Медведев со 2-0, во сетови 7-6 (8-6), 7-6 (7-4). Мечот траеше еден час и 56 минути, во кој Синер се мачеше со рускиот тенисер, но успеа да победи по два тај-брека.

Ова беше 16-ти дуел меѓу двајцата тенисери, а деветти триумф за Синер, кој за првпат во кариерата го освои турнирот во Индијан Велс. Италијанскиот тенисер ја освои својата 25-та титула во кариерата, а прва оваа сезона, со победата во Индијан Велс.

Медведев, кој го елиминираше Карлос Алкараз во полуфиналето, остана на 23 освоени АТП трофеи. АТП турнирот во Индијан Велс се играше за награден фонд од 9.415.725 долари.

ПретходноПрашање од Пирава: “Спиеш ли мирно Прва лиго?!“(ВИДЕО)
СледноЊујорк се врати од минус 21 до победа над Голден Стејт (ВИДЕО)