Херера: Благодарам ФФМ, благодарам Седлоски, за Македонија ќе оставам срце на терен

804

Огнен Чак Дојчиновски

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, денеска на официјална прес конференција го објави списокот на репрезентативци за претстојниот бараж полуфинален меч за Мундијалот следното лето. Играме против Данска на гости во Копенхаген на 26 март.

Седлоски во суштина и не менуваше премногу, сепак ова е само прв негов собир, а влогот е преголем. Македонија е пред голем предизвик и селекторот се одлучи за поголемиот дел од актуелните репрезенаттивци има и неколку дебитанти во имињата на Дени Мусовски, Имран Фетаи и но колубиецот со македонски пасош, Себастиан Херера.

Момчето кое што уште како тинејџер пристина во Работнички, за да до години минати во домашниот шампионат но и како интернационалец во Унгарија, Кипар, а сега и Босна се профилира во одличен лев бек.

Неговата моментална форма, головите и статусот на капитено кој што го има во тимот на Борац Бања Лука му овозможи да добие прв официјален повик за Македонија. Тој одамна имаше желба за такво нешто, а ете сега истата и му се исполни.

„Секако дека сум пресреќен што добив повик за репрезентацијата на Македонија. Ова е моја желба и амбиција години наназад. Отворено изјавував дека сакам да играм за Македонија и таа желба ми се исполнува. Благодарност до Фудбалската Федерација на Македонија, до раководните структури, со селекторот Седлоски за укажаната шанса. Ветувам дека ќе ја оправдам таа доверба. Не очекува тешка битка против Данска но убеден сум дека Македонија има квалитет да се носи на вакви мечеви со вакви противници. Македонија е мојата втора татковина и ќе дадам се од себе во нејзиниот дрес“ – изјави Себастиан Херера за Спортспорт.

ПретходноСтрашно: Претседател на фудбалски клуб застрелан во својот автомобил!
СледноИнформација од ФФМ: Купените билети за дуелот со Данска, навивачите ќе ги имаат до среда