Чупиќ потврди: Хориха и дефинитивно си оди од Вардар!

302

И дефинитивно Вардар останува по завршување на сезоната без Димитри Хориха, еден од најдобрите ракометари во моментов во таборот на некогашниот двоен европски првак и актуелен лидер во нашата Суперлига.

Ова за “Спортске Новости“ го потврди самиот стратег на “црвено – црните“, Иван Чупиќ:

Сè уште бараме две засилувања. Ако успееме, верувам дека тоа ќе биде тоа. Летово Хориха заминува за Сегед, доаѓа Љевар. Воркапиќ и Силва веќе пристигнаа, побрзо од очекуваното бидејќи останавме без Талевски и Борозан. Бомоштар доаѓа, ќе видиме кој друг ќе дојде“ истакна Чупиќ за “Спортске Новости“

ПретходноСудиската комисија на КФМ со одговор до КК Работнички!
СледноПолувреме: Работнички со водство во Куманово, Пелистер подобар во Кратово ама мрежите мируваат!