Огнен Чак Дојчиновски
На списокот за претстојниот бараж дуел за претстојниот Мундијал, на гостински терен против репрезентацијата на Данска на 26 март, на списокот на новиот селектор на репрезентацијата на Македонија се најде и напаѓачот Љупче Дориев.
Искусниот напаѓач во Узбекистан буквално „гази“ и е еден од најдобрите играчи во тамошниот шампионат. Серијата на погодоци и асистенции направија тој повторно да добие повик за настап во националниот тим, откако своевремено беше повикуван од претходните селектори.
„Секако дека се радувам на повикот за репрезентација… па пеш ќе тргнам од Узбекистан за националниот дрес. За Македонија секогаш сум и секогаш ќе бидам тука…. одиме во Данска да покажеме дека Македонија може да се надигрува со сите. Благодарност до селекторот Седлоски за укажаната доверба. Се надевам дека истата ќе ја искористам и дека заедно со соиграчите ќе донесеме нова, голема радост на македонскиот народ, кога е фудбалската репрезентација во прашање“ – изјавува Љупче Дориев за Спортспорт.
Дориев досега има девет настапи за нашиот национален тим, а дебитираше далечната сега вече 2017 година на мечот против Израел. Последен пат пак беше повика во 2023 година за дуелот против Ерменија.










