Работнички пролетва треба да надоместува голема бодовна негатива во однос на конкурентите ако сака да обезбеди опстанок во елитата и следната сезона. Оттаму, тимот од Дебар Маало мора да победува и да освојува бодови, па таква е мисијата и за денешното гостување во Куманово каде ќе се сретне со Башкими.
Еден од оние кои е во најдобра форма е младинскиот репрезентативец Никола Манојлов. Тој беше стрелец во последните две победи на Работнички, против Шкупи и против Арсими.
„Почнува третиот круг од првенството во кој за нас секој натпревар е екстремно важен. Потребни ни се победи во серија и тоа она што ќе се обидеме да го направиме. Знаеме дека пред нас е тежок дуел, но максимално сме фокусирани и посакуваме три бода“, вели Манојлов.
Натреварот меѓу Башкими и Работнички се игра од 14.30 часот на Градскиот стадион во Куманово.















