МЗТ Скопје на „мускули“ го совлада Тиквеш

61

Во неочекувана драма завршница, која ама апсолутно никој не ја насетуваше, тимот на МЗТ Скопје, успеа на свој терен со многу потешкотии и конечни 88:85, да го совлада „жилавиот“ вечерва Тиквеш.

Во рамките од 19. коло од домашниот шампионат, МЗТ Скопје успеа да ги впише бодовите во тешка битка. Кавадарчани добро го започнаа мечот, имаа баланс на резултатот, и на полувреме губеа само со поен разлика, (47-46).

Тиквеш ниту во второто полувреме не попушти туку го држеше противникот во неизвесност до самиот крај.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Мек Смит-МекЈуен со 18 поени, а на спротивната страна ист учинок имаа Парсонс и Хокинс.

ПретходноБоксерски спектакл во јули: Фјури vs. Џошуа
СледноСтаниќ одбра за дуелите против Италија и Ерменија