Ракометарите на 26 март ќе ги дознаат ривалите во квалификациите за ЕП 2028

104

Машката репрезентација на Македонија на 26 март (19 ч.) во Лисабон ќе ги добие ривалите за квалификациите за ЕП 2028 во Шпанија, Швајцарија и Португалија.

Во квалификациите ќе играат 32 селекции поделени во осум групи, а на континенталниот собир ќе настапат вкупно 24 репрезентации.

Македонија според рејтингот ќе биде во вториот шешир заедно со репрезентациите на Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија.

Во првиот шешир ќе бидат Германија, Хрватска, Исланд, Шведска, Франција, Норвешка, Унгарија и Словенија.

Во третиот шешир Литванија, Босна и Херцеговина, Белгија, Грција, Украина, Романија, Грузија и Црна Гора, додека во четвртиот ќе бидат Естонија, Летонија, Турција, Косово, Луксембург, Израел, Финска и Словачка.

Претходно“Играчите на Арсенал со својот живот го бранат голот, затоа се пред освојување на титулата!“
СледноЈосифов во деби-сезоната на клупата на Валдфиртел влезе во полуфиналето на плеј-офот