Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски попладнево на официјална прес конференција, го објави списокот за дуелот со Данска во рамките од баражот за претстојниот Мундијал, дуел кој што се игра на 26 март.
На него има неколку новитети од типот на Дени Мусовски, Себастиан Херера, Имран Фетаи, како и повратниците Егзон Бејтулаи и Бобан Николов.
„Веднаш да кажам околу дуелот со Данска. Се работи за сериозен противник. За нас мотив повеќе секако да видиме до каде сме. Играчкиот кадар решив да е сличен на оној што бил и претходно. Со неколку новитети.
Дебитантни се Дени Мусовски. Добри негови настапи, го следев многу време. Имран Фетаи исто така заслужи повик, ги одигра скоро сите мечеви за Шкендија и во ПМФЛ и во Европа.
Херера е капитен на Борац Бања Лука долго време игра во квалитетна форма, и заслужува повик.
Верувам дека е овој составот кој што ќе одговори најпрво за првиот меч, против Данска. Сите оние кои што не се тука секако дека не се отпишани, се смета на нив.
Ситуацијата со Алиоски е специфична. Неговиот клуб, медицинскиот тим, засега не дозволува тој да пристигне додека не биде фит. Ќе се знае дополнително дали ќе пристигне. Се фокусираме на она што треба да го одиграме“ – рече селекторот Седлоски и додаде.
„Прво и основно е Данска. Дај боже да биде се во ред, за потоа да мислиме за нешто друго. Еве ако толку треба да се одлучам, ја посакѕвам Ирска. Македонија нема да се брани. Нема што да изгубиме. Ќе одиме на гол секако.“ – рече селекторот.










