Фото за историја: Луис и Кими во 2018, Луис и Кими во 2026!(ФОТО)

83
ФОТО:facebook.com/F1UpdatesandChill

Викендов младиот Кими Антонели (19) испиша историја. Овој викенд засекогаш ќе остане запаметен во неговата меморија. Од вчера Кими е мега – ѕвездата во Формула 1.

Инаку интересно е тоа дека тој лани во Мерцедес дојде на местото на Луис Хамилтон, еден од најдобрите возачи во Ф1 во историјата. Кими не крие дека Англичанецот му е идол.

Па така по вчерашната победа за ГН на Кина, прва во кариерата на младиот Италијанец, на интернет осамна една фотографија од пред осум години каде тогаш Луис се поздравува со едно дете кое има само 11 години, тоа е Кими.

Фотографија за историја.

Кога ќе се направи сублимат по викендов во Кина, и вчерашните честитки од Луис за Кими, може да се заклучи:

Луис и Кими во 2018 и Луис и Кими вчера во 2026!

Фантастично!

ПретходноДориев: Пеш тргнувам од Узбекистан за националниот дрес
СледноБоксерски спектакл во јули: Фјури vs. Џошуа