ФФМ потврди: „Фалангата“ во Копенхаген ќе доминира

101

Од Фудбалската Федерација на Македонија пред малку на официјалната прес конференција по повод објавувањето на списокот за претстојниот бараж дуел за Мундијалот против Данска кој ќе се одигра на гости во Копенхаген на 26 март пренесоа информација дека билетите резервирани за нашите навивачи се речиси распорадени.

Тоа значи дека Македонија на „Паркен“ ќе ја бодрат околу 1000 наши навивачи, членови на популарната „Фаланга“.

Секако, тоа ќе биде уште еде голем плус за нас во овој историски дуел, да се обидеме да направиме сензација налик на онаа против Италија во Палермо и да бидеме чекор поблиску до најголемиот фудбалски настан на планетава.

 

ПретходноСедлоски: Составот е според она што ни е потребно во моментов, Алиоски допрва ќе се знае дали доаѓа
СледноЕве како Лазаревски се загреваше со чкембарската химна – „Еј другарче, еј скопјанче!“(ВИДЕО)