Македонската ракометна репрезентација повторно е заедно, овој пат во рамките на ЕХФ-неделата во која има еден пријателски натпревар против Австрија. Истиот ќе биде добредојден за селекторот, Кирил Лазаров во пресрет на бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година да тестира неколку дебитанти, но и да го поготвува тимот за дуелот против подобриот од Украина и Словачка.
Во составот на Македонија се врати Милан Лазаревски. Тој во дресот на Вардар 1961 на дело покажа дека е во одлична форма што посебно го радува селекторот, Лазаров. Вардаровиот пикер е среќен што повторно е во националниот тим.
„Многу ми е мило што повторно сум дел од националниот тим. Фала му на Бога, повредата е минато и задоволен сум од тоа како се вратив и како фаќам форма. Добриот настап на Европско првенство ни овозможи полесен пат до следното Светско првенство. Овој натпревар ќе служи како увертира и воигрување на играчи кои немаат константна улога или повредените (на пример јас) пред баражот. Сите овие натпревари и собири се добредојдени и сигурен сум дека исходот ќе биде позитивен“, изјави Лазаревски.
Како и сегаш така и сега, Лазаревски не сака да калкулира кога станува збор за противниците, вели дека без разлика дали Македонија ќе игра против Украина и Словачка, главна цел е да се пласира на Мундијалот, а со тоа да го продолжо континуитетот на учества на големи натпреварувања.










