Лазаров: Австрија е квалитетен ривал, одиме да одиграме добар меч без резултатски притисок

158

Машката ракометна македонска репрезентација, на чело со селекторот Кирил Лазаров, денеска го имаше и официјалниот собир во пресрет на ЕХФ неделата, која што нашиот национален тим ќе ја искористи за да одигра пријателски меч на гости против Австрија.

Дуелот се игра на  21 март, и е одлична можност за Лазаров уште еднаш да одработи добар дуел во кој ќе испроба нови варијатни, тактики и можни комбинации.

„Ни пред се треба да бидеме задоволни затоа што со настапот на Европското првенство го избегнавме првиот бараж, така ќе имаме шанса порекалсирано да пробаме нешто и некои нови играчи кои во иднина би можеле да придонесат. Австрија е квалитетен противник, секако дека нема да одиме да изгубиме, сакаме да победиме, но резултатот нема да е во прв план, ќе пробаме работи што можеби би ги користеле во баражот. – рече Лазаров па продолжи.

„Го чекаме тој двобој да видиме како ќе заврши за да можеме квалитетно да се подготвиме. Кога е репрезентацијата во прашање во секој момент треба да се искористи да се даде шанса на некој нов играч да видиме дали би можеле да го користиме на големи натпреварувања со силни противници. Избравме силен тим на гостински терен затоа што првиот натпревар го играме на гости и тоа ќе биде една добра и ментална подготвка. Австрија правеше проблеми и на многу посилни репрезентации од нас како на Европското првенство, така и на минатиот Мундијал“, – потенцира нашиот кормилар, па потоа и поентира.

„Од материјалите што ги имаме на хартија Украина е фаворит, но до последен момент мислам дека нема да го знаеме противникот, двете репрезентации играат различен ракомет. Наше е да се подготвиме, нема да биде лесно, ќе бидеме во улога на фаворити, не сме навикнати да имаме една таква улога. Најважно е да посакаме да бидеме здрави, има многу време и многу натпревари за ракометарите во клубовите, па затоа сакаме пред се сакам сите да сме здрави“, заврши селекторот.

 

 

ПретходноТиквеш и Работнички ќе одиграат меморијален дуел во спомен на Андреј Лазаров
СледноДисциплинската комисија при ФФМ со одлука: На ЖФК Љуботен му се одземаат девет бода