Македонските кошаркарки убедливо поразени за крај!

27

Женската кошаркарска репрезентација со пораз ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година, откако на домашен терен беше совладана од Хрватска со 53-91. Македонија го освои последното место во својата група со скор од една победа и пет порази.

Хрватска уште во првата четвртина ја најави победата, поведе со 6-25, додека на одморот замина со предност од 25-45. Македонија не успеа да добие ниту една од следните две четвртини.

На оваа средба во составот ја немаше Мерит Хемпе која има истегнување на задната ложа.

Николиќ со 16 поени беше прв стрелец, Селцова дојде до ефект од 13 поени, додека Стојановска имаше 8 поени.

ПретходноТФТ убедливо поразен на првата четвртфинална пресметка во АБА2-лига
СледноМакедонскиот ракомет загуби голем работник: Почина Сашо Србиноски