Николов го однесе Радник во полуфиналето од Купот на Босна (ВИДЕО)

140

Македонскиот интернационалец и некогашен капитен на нашата млада репрезентација, Иван Николов попладнево беше стрелец за својот тим Радник Бјелина во рамките од Купот на Босна во победата од 4:0 против екипата на Лакташи.

Играчот за врска погоди од дистанца за 3:0 и ја потврди победата на неговиот тим на овој меч. Со ова тимот на Радник заминува во полуфиналето од ова натпреварување и ќе се сретне со екипата на Зрински.

За Иван Николов ова е четврти гол во дресот на Радник откако му се приклучи на босанскиот лигаш зимава, а додаде и три асистенции.

ПретходноЛазаревски: Со кого и да играме во баражот, ние се гледаме како учесници на Мундијалот
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 23.КОЛО: Роденденски хет-трик на Лусианињо