Македонската кошаркарска федерација пред почетокот на натпреварот меѓу Македонија и Хрватска, последен од првата фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година, им се заблагодари на две големи имиња во женската кошарка.
Федерацијата подготви врамени дресови за Анжелика Митрашиновиќ и Нена Трајчевска во знак на благодарност за се што сториле за македонската кошарка, а легендата и координатор на националните селекции, Владо Илиевски им ги додели. Митрашиновиќ беше присутна во салата „Лазар Лечиќ“, додека пак во името на Трајчевска дојде нејзин близок член од семејството.










