Милан Бомаштар и официјално е нов голман на Вардар

104

Ракометниот клуб Вардар предмалку и официјално го потврди трансферот во своите редови на интернационалецот од Србија, чуварот на мрежата Милан Бомаштар.

Договорот кој што е потпишан е со важност од две години односно до сезоната 2026/27.

Бомаштар е голман со меѓународно искуство и настапи на високо ниво, а во Вардар доаѓа како дел од планот за дополнително зајакнување на голманската линија и зголемување на конкуренцијата во тимот за домашните и европските предизвици.
Во моментов е член на француски Шартр, а зада себе има интернационално искуство и во Шведска кад ебеше дел од Шевде, и од Шпанија каде бранеше за Адемар Леон.

ПретходноДанска официјално го објави составот за дуелот со Македонија
СледноТиквеш и Работнички ќе одиграат меморијален дуел во спомен на Андреј Лазаров