Се огласи ФИФА: Нема менување на мечевите на Иран

44
фото: Megatron (X)

Раководните структури на ФИФА одлучија мечевите на репрезенатцијата на Иран, кои што таа треба да ги одигра како дел од претстојниот Мундијал во САД, да не бидат преместени и да се одиграат онаму каде што за нив е предвидено од почеток.

А тоа се градовите во САД, Сиетл и Лос Анџелес. и покрај напорите на преставниците на иранскиот фудбалски сојуз мечевите да бидат преместени во Мексико, ко организаторот на Мундијалот заедно со САД и Канада, сепак, тоа нема да се случи, напротив.

Мечевите ќе останат да се играат онаму каде што е и планирано. Целата тензија околу гостувањето на Иран во САД со оглед на војната која што се води во моментов, е на многу високо ниво, а претседателот на Америка, Доналд Трамп дури истото го искоментира како несоодветно.

 

ПретходноСе одржа државното првенство на Македонија во нордиско скијање
СледноСпалети добива нов договор од Јувентус