ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Работнички)

49
ФОТО:.facebook.com/fcrabotnicki?locale=mk_MK

По победата вчера во Куманово кај Башкими со 1:2, Работнички и дефиитивно се враќа во “игра“ за опстанок или за избегнување на оние последни три места на табелата кои водат директно во ВМФЛ. Секако дека работите се уште се критични за некогашниот гигант од Дебар Маало, но секако дека сега полесно се дише. Работнички е само на -4 бода во однос на она место на табелата кое води во баражот. Нешто што пред стартот на пролетниот дел беше рамно на чудо.

Но Муарем Муарем како тренер на Работнички изгледа дека си ја знае работата, дури четири победи на шест средби оваа пролет, освоени 12 бода и еве го на чекор до избегнување на најлошото.

Токму затоа победата вчера среде Куманово е екстра значајна за Работнички. Сега веќе работите зависат само од Работнички, а со Муарем а клупата се е можно, па дури да се обезбеди и опстанок.

ПретходноГерманците со провокација до Арсенал пред мечот од Лигата на шампиони
СледноСе одржа државното првенство на Македонија во нордиско скијање