Премиер лигата вчера го казни Челзи со парична казна од 10 милиони фунти за тајни плаќања кон агенти и трети страни во врска со трансфери на играчи. Плаќањата достигнале вкупно повеќе од 47 милиони фунти и се случиле меѓу 2011 и 2018 година.
На клубот му беше изречена и едногодишна условна забрана за трансфери, што значи дека клубот ќе се извлече неказнето ако не направи никакви прекршоци во следните две години. Новинарот на Би-Би-Си, Ден Роан, се прашува дали Челзи доби прогледување низ прсти од Премиерлигата?
Случајот се однесува на намерни прекршувања и тајност во врска со трансферите. Плаќањата се поврзани со потпишувањето на клучни играчи како што се Еден Азар, Вилијан и Давид Луиз, кои одиграа голема улога во успехот на Челзи во текот на годините. Прекршувањата се случија кога рускиот тајкун Роман Абрамович беше сопственик на клубот. Премиер лигата зеде предвид дека сегашните сопственици на клубот самите ги пријавиле прекршувањата и покажале целосна соработка, и затоа казната е блага.
Случајот, исто така, влијае на дебатата за други големи прашања, вклучувајќи го и случајот против Манчестер Сити за 115 наводни прекршувања, кој сè уште чека одлука.










