На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ донесени се одлуки кои се осврнуваат на дуелот од женската прва фудбалска лига на Македонија помеѓу екипите на ЖФК Љуботен и ЖФК АС Јунајтед.
– ЖФК Љуботен се казнува со одземање на 9 (девет) бода и парична казна од 750 евра поради напуштање на натпреварот во рамки на 17. коло помеѓу екипите на ЖФК АС Јунајтед и ЖФК Љуботен;
– Дисциплинската комисија на ФФМ покренува постапка против претседателот на ЖФК Љуботен, Драгољуб Јовановски, поради повикување на фудбалерките на ЖФК Љуботен да го напуштат натпреварот во рамки на 17. коло помеѓу екипите на ЖФК АС Јунајтед – ЖФК Љуботен;










