Смилковски: Растеретени сме од резултатски императив и притисок

40

ТФТ за првпат во својата историја ќе игра плеј-оф во рамките на АБА2-лига. Македонскиот тим во четвртфиналето ќе се бори против тимот на Златибор, првиот меч се игра на теренот на противникот со почеток во 18 часот. Четвртфиналната серија се игра во два добиени меча.

“Не очекува исклучително тежок натпревар, прв од 1/4 финалниот дуел со екипата на Златибор. Станува збор за екипа која има сериозен континуитет на работа и успеси, озбилен ростер на искусни домашни и неколку странски кошаркари предводени од тренерот Страјин Недовиќ, екипа која веке долги години е во самиот врв како во АБА 2 лигата така и во КЛС лигата. За нас прво учество во плеј-офот од АБА 2 лигата, можеби сме растеретени од резултатски императив и притисок, меѓутоа со еден сериозен пристап кон натпреварот во обид да бидеме најдобра верзија од себе и да го дадеме својот максимум, ако имаме и своја “вечер” да го изненадиме противникот”, изјави Боро Смилковски. 

ПретходноПСЖ го брка најдобриот фудбалер во светот?
СледноПровокативно прашање за Луис Енрике: Не разбирам што зборуваш и не ме интересира!