Јасно е дека имаш дополнителен мотив кога ќе ти се погоди на твојот роденден да играш натпревар, па макар и против Шкупи. Токму таков мотив имаше Лусианињо, офанзивецот на Тиквеш од Бразил кој дојде оваа зима и веднаш се наметна како еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ. Некој ќе каже дека лесно е да му дадеш гол(ови) на Шкупи, неше 6:0 за кавадарчани, но сепак хет-трик си е хет – трик. Па така „СпортСпорт“ го прогласи младиот Бразилец за играч на ова 23.коло, но и поради минати заслуги од претходните мечеви. Тој во неделата на мечот со Шкупи наполни 21 година.
Покрај него во тимот на колото се Џеков (Силекс), Гроздановски (Пелистер), Велковски и Закариќ (Вардар), Хамза и Јевтоски (Струга ТЛ), Мелиќи и Ибраими (Шкендија), Талаков и Мухарем (Работнички).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЛУСИАНИЊО АИРЕС БУКАР
Тим: Тиквеш
Роден: 15.03.2005 во Бразил
Кариера: Гоијас, Триндаде, Гуанабара, Тиквеш















