Екипата на ТФТ со пораз се враќа од гостувањето кај Златибор во првиот четвртфинален натпревар во АБА2-лига. Македонскиот тим е совладан со убедливи 101-86. Вториот натпревар од серијата се игра на 24 март во Скопје, а тренерот Боро Смилковски и неговите момци ќе имаат шанса да покажат дека не се случајно во плеј-офот.
Домашниот состав од стартот го наметна своето темпо, иако немаше убедливо водство, сепак го контролираше резултатот. После првите десет минути резултатот беше 26-21. Во следниот период, Златибор со серија од 8-0 дојде до двоцифрено водство од 37-25. На одморот ТФТ успеа да намали на 50-44. Сепак разликата во квалитетот дојде до израз, пред стартот на последните десет минути, српскиот тим имаше плус 15 (78-53), предност која беше доволна за да зачекори сигурно кон триумфот.
Ташовски постигна 18 поени, зад него беше Говенс со 17 поени.










