Голманот на Барселона Жоан Гарсија ја повреди ногата при крајот од реваншот против Њукасл во осминафиналето на Лигата на шампионите (7:2, прв натпревар 1:1).
Според новинарот на „Ас“, Чави Мигел, Гарсија ќе мора да отсуствува 2-3 недели поради мала повреда на левиот мускул на листот.
Ова не е добар знак за Барселона, затоа што уште двајца фудбалери по денешниот дуел со Њукасл се пожалиле на повреди, но за нив ќе се чекаат утрешните прегледи.










