Лазаров: Ако некој мисли дека може Македонија да ја однесе во Топ 10, слободно нека дојде на мое место

1055

Во овој момент се одржува седницата на Управен одбор при РФМ, точка на дневен ред е извештај за настапот на македонската ракометна репрезентација на послендото Европско првенство на кое го освои 14-то место.

Прво се обрати претседателот на РФМ, Александар Стефанов, кој не го криеше своето задоволство, а потоа и селекторот, Кирил Лазаров.

„Самиот пласман на 14-то место на ЕП ги задоволува нашите очекувања, сето тоа ни донесе поволна ждрепка за бараж мечот за место на СП 2027 година“, рече претседателот на РФМ, Александар Стефанов.

Лазаров истакна дека жали за пропуштента шанса за пласман во Топ 12, поточно пропуштената шанса за победа над Португалија, што би бил само блиц резултат. Рече дека пласман во Топ 10 е нешто нереално, ако има некој таков што може да го замени да повели да дојде, тој со задоволство ќе ја напушти репрезентацијата.

“Ако има некој да ја води Македонија, да вети дека може да ја однесе до Топ 10 на големите натпреварување, слободно нека дојде на мое место. Но, верувајте дека реалната слика е поинаква“, рече Лазаров, а потоа додаде: 

„Од ова ЕП извадивме максимум, жалиме за последниот напад за победа против Португалија за пласман во тие нереални тооп 12, но среќни сме што во бараж мечот за СП 2027 добивме коректни противници, кои не сакам да ги потценам. Треба квалитетно да се одигра. Направиме добра база на играчи, националниот тим обединува, треба сите да работиме за да направиме добри репрезентации“, рече Кирил Лазаров пред Управниот Одбор.  

И официјално беше верифициран новиот договор на селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров. Нашиот најдобар национален тим и во следните три години ќе биде предводен од легендарниот ракометар.

ПретходноПоглед кој “убива“:„Уф, Вини, колку те мразам“!(ВИДЕО)
СледноРФМ ги награди ракометарите со два милиони денари за настапот на ЕП 2026