Заврши првото полувреме од последниот 1/4 финален меч во Купот на Македонија меѓу Струга ТЛ и Шкендија и тоа со водство на домашните од 1:0. Стрелец на голот беше Марјан Радески во 13.минута, откако убаво се снајде пред голот на тетовци. Претходно Мици со фантастичен шут ја погоди стативата на тетовци. Интересно, и Радески и Мици се некогашна играчи на Шкендија.
Струга ТЛ до 30. минута беше подобра, имаше повеќе од играта, поопасни без домашните играчи. Но во последните 10-15 од првиот дел гостите од Тетово како да се ослободија од притисокот и почнаа да напаѓаат, јасно е дека ќе биде супер интересно во второто полувреме.










