Секако, апсолутно заслужено. Имено Јака Малус, ракометарот на РК Вардар се најде во идеалниот тим на ЕХФ во главната рунда во Лигата на Европа.
Средниот бек на Вардар, едноставно на последните мечеви ја искажа сета своја класа и заслужено се најде меѓу најдобрите, според медија – тимот на ЕХФ. Словенецот беше одличен на средбите со Бенфика и Мелсунген.
Да потсетиме дека Вардар го освои првото место во групата од главната рунда и со тоа се пласираше во следната фаза, во четвртфиналето.
Покрај Малус во идеалниот тим покрај другите се и Андреас Волф, Јоханес Гола, Педерсен, Хансен…
Нема што, ракометарот на Вардар се најде во елитно друштво.










