Лоша шутерска вечер на Јакимовски, Тренто елиминиран од Еврокупот

61
Фото: Тренто

Кошаркарите на Тренто на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски се елиминирани во четвртфиналето на Еврокупот. Вечерва на мечот во Истанбул против екипата на Бешикташ, Тренто загуби минимално со 77:76 и не успеа да направи изненадување против најдобриот состав од регуларниот дел од сезоната.

Јакимовски имаше лоша шутерска вечер и постигна само еден поен за 23 минути на паткетот. Нашиот репрезентативец имаше 0/5 за два поени и 0/2 за три поени. Погоди само еднаш од две слободни фрлања.

ПретходноГолем „пех“ за ПСЖ: Баркола сериозно повреден, ќе ги пропушти четвртфиналните дуели во ЛШ
СледноЛШ: Потоп за Њукасл на „Камп Ноу“, Барса доминантно во четвртфинале (ВИДЕО)