ЛШ: Ливерпул го прегази Галатасарај, Баерн во два меча и даде 10 гола на Аталанта, јалова победа на Тотенхем (ВИДЕО)

80

Ливерпул го прегази Галатасарај на „Енфилд“ со 4:0 и го потврди своето место во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Црвените“ брзо успеаја да ја анулираат негативата од првиот меч во Истанбул (0:1) и во еден отворен меч дојдоа до убедлива победа, која на крајот и не соодведствува целосно со случувањата на теренот. според шансите и понитените голови, Ливерпул вечерва можеше да ја наполни мрежата на Галата со најмалку 6-7 погодоци. Сепак и овие четири беа доволни за момците на Слот за пласман во следната фаза.

Собослаи го отвори резултатот во 25. минута, по што Салах во финишот на првиот дел промаши пенал. На стартот на второто полувреме Екитике погоди за 2:0 во 52. минута, а само една минута потоа и Гравенберх погоди за 3:0. Четвртиот гол за „црвените“ беше мало ремек-дело на Салах кој се извади и за промашениот пенал и за уште две зицер-ситуации во кои не успеа да постигне гол. до крајот Ливерпул имаше уште неколку 100% шанси, но турскиот голман Чакир денеска успеа да наниже нерверојатни 10 интервенции.

Баерн (М) со 4:1 и вторпат го посрами тимот на Аталанта. Баварците по оние 6:1 во Бергамо, денеска им дадоа уште четири гола на Италијанците и ги елиминираа со вкупни 10:2. Кејн погоди двапати, а по еднаш Карл и Луис Диаз. Почесниот гол за Аталанта го постигна Самарџиќ.

Тотенхем славеше против Атлетико (М) со 3:2 но не успеа да ја надомести негативата од првиот меч во Мадрид (2:5). Момците на Игор Тудор покажаа дека полека се будат од кризата која ги зафати во последниот период и вечерва славеа пред своја публика. Чави Симонс погоди двапати за Англичаните, а еднаш стрелец беше и Коло Муани. За Атлетико во поразот стрелаа Алварез и Ханцко.

ПретходноБарса го загуби првиот голман: Гарсија во „аут“ најмалку две недели
СледноПознати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона