Вечерва во стандарните термини ќе се одиграат последните четири реванш средби од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Секако дека најинтересно би требало да биде на “Камп Ноу“ и на „Енфилд“ каде Барселона дома се среќава со Њукасл, а Ливерпул го пречекува Галатасарај.
Нималку едноставна работа нема да имаат гигантите, па затоа велиме дека на потег се Барселона и Ливерпул. Тимот на Ханси Флик мора да победи ако се знае дека на првиот меч беше 1:1, за да оди натаму. Истото важи и за “Редси“, тие ќе имаат уште потешка задача зошто Галата овој реванш ќе го започне со предност од 0:1 заработена на првиот меч во Истанбул.
Four places in the quarter-finals up for grabs 🙌#UCL pic.twitter.com/HPs2Pse8fK
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) March 18, 2026
Баерн игра со Аталанта и веќе е во 1/4 финалето зошто на првиот меч победи како гостин со 1:6, додека Атлетико Мадрид му гостува на Тотенхем со предност од 2:5.
По завршување на овие мечеви ќе се знаат сите четвртфинални двојки. Тоа се Спортинг – Арсенал, Баерн/Аталанта – Реал Мадрид, ПСЖ – Ливерпул/Галатасарај, Тотенхем/Атлетико Мадрид – Барселона/Њукасл.










