Мелиќи: “Струга ТЛ ќе биде екстра мотивирана, но јас верувам дека Шкендија ќе оди во полуфиналето“!

55
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

Денеска некаде после 16:30 часот ќе дознаеме кој ќе биде противник на Шкендија Арачиново во полуфиналето во Купот на Македонија, Струга ТЛ или тетовска Шкендија? Имено денеска два од трите наши најдобри клубови, кои се на втората и третата позиција на табелата во ПМФЛ, во меч од 1/4 финалето ќе решат кој ќе оди натаму.

Како што е познато натпреварот се игра на Градскиот стадион во Струга со почеток од 14:30 часот.

Во пресрет на денешниот меч, свој коментар има дефанзивецот на Шкендија и младински репрезентатовец на Македонија, Анес Мелиќи:„По неколку натпревари и многу добри резултати во ПМФЛ, сега е време да го оставиме првенството настрана и целиот фокус да биде на денешниот меч од Купот против Струга ТЛ. Гледајќи го пласманот на табелата и фактот дека е познато дека главната цел на Шкендија е шампионската титула, секако дека се стремиме и кон Купот, од друга страна единствената опција на Струга ТЛ за излез во Европа е Купот. Нормално очекуваме да бидат многу мотивирани, всушност против Шкендија секој ривал доаѓа со дополнителна мотивација. Атмосферата во нашиот тим е многу добра по многу добрите резултати. Се подготвивме максимално и денеска одиме на позитивен резултат“.

Во Купот нема поправен, се игра еден меч, кој ќе победи ќе оди натаму. Ако во текот на 90.минути нема победник веднаш ќе се изведуваат пенали:

Да, форматот во Купот во оваа фаза носи само еден натпревар и кој ќе победи оди понатаму. Сакам да бидам претпазлив во она што го изјавувам, можам да кажам дека го подготвивме натпреварот многу добро и она што треба да го направиме е да го покажеме тоа на теренот утре. Не сме размислувале за опцијата натпреварот да се реши преку пенали и не сме тренирале ништо дополнително. Секако, не знаеме како би можел да се одвива натпреварот, дури би можел да се реши преку пенали. Но, не сме направиле никакви дополнителни подготовки. Реално, вежбаме пенали и слободни удари речиси по секој тренинг, но не конкретно за овој дуел. Велам дека Шкендија оди на победа во регуларното време и директно квалификување.“ заклучи Мелиќи.

ПретходноАцевска освои бронзен медал на Европското првенство во Крит
СледноМакедонија од денеска е комплетна, се приклучува капитенот Филип Кузмановски