Денеска во просториите на РФМ се одржа редовна седница на Управниот Одбор, на која се најдоа девет точки на дневен ред.
-Новитет во националните тимови е машка репрезентација до 13 и до 15 години. За селектор на репрезентацијата до 15 години е Никола Матлиески, додека пак Филип Миркуловски ќе биде селектор на репрезентацијата до 13 години.
-Федерацијата извести дека инвестира во нови канцеларии, кои ќе бидат во склоп на салата „Јане Сандански“.Планот е старите простории да биде искористен за создавање на апартмани кои ќе бидат искористени за националните селекции. Преселбата на РФМ би требало да биде до јуни, а целта е да биде дологорочна приказна и дом за следните 20 години.
-Управниот одбор при РФМ ги одреди термините за одигрување на завршницата во Купот на Македонија во машка и женска конкуренциј. Град домаќин ќе биде Струмица. На Ф4 во машка конкуренција се пласираа: Вардар, ГРК Охрид, Пелистер и Алкалоид.
Периодот на одигрување е од 17 до 19 април. Истата одлука важи и за женска конкуренција.










