Од петок до недела: Термини и сатници за мечевите од 24.коло во ПМФЛ

226

Познати се термините и сатниците од 24.коло во нашата елитна фудбалска лига. Овие шест средби ќе се играат од петок до недела, како што е вообичаено за оваа сезона, по два меча во еден ден, и тоа од оправдани причини.

Во недостиг на класично дерби, секако дека погледите ќе бидат свртени кон Гостивар и Скопје, каде во сабота Вардар и Шкендија им гостуваат на Арсими и Македонија ЃП. Познати е дека во пресрет на ова 24.коло Вардар е лидер на табелата со предност од +3 бода пред Шкендија.

ДВОЈКИ ЗА 24.КОЛО

ПЕТОК (20.03.2026)

Тиквеш – Брера (14:30 Ч)

Работнички – Силекс (14:30 Ч)

САБОТА (21.03.2026)

Македонија ЃП – Шкендија (14:30 Ч)

Арсими – Вардар (14:30 Ч)

НЕДЕЛА (22.03.2026)

Пелистер – Струга ТЛ (14:30 Ч)

Шкупи – Башкими (12:00 Ч)

*Шкупи ќе биде домаќин во Куманово

ПретходноПерфекција во Трета лига – Југ: Ваков гол ни Меси, ни Роналдо не постигнале!(ВИДЕО)
СледноБрага „го прегази“ Ференцварош и е прв четвртфиналист во ЛЕ