Словаците ја победија Украина и се близу до бараж со Македонија

302

Ракометната репрезентација на Словачка направи голем чекор кон пласманот во втората рунда од баражите за Светското првенство 2027. Словаците вечерва како гости славеа против селекцијата на Украина со 24:27 и со една нога зачекорија кон бараж пресметка со нашата репрезентација во финалниот круг од баражите кои водат на светскиот шампионат.

Словачка одигра одличен меч и во двете полувремиња, успевајќи да најде начин како да го запре украинскиот напад и со брзи контри полуконтри да направи разлика. На полувремето Словачка имаше предност од пет гола, па во вториот дел се обидуваше истата да ја задржи. Украина во финишот на празен гол успеа да постигне неколку гола и да го ублажи поразот.

Бриатка со 7 гола беше најефикасен кај Словачка, додека кај Украина, Турченко како да играше сам и постигна 11 гола.

ПретходноЛШ: Потоп за Њукасл на „Камп Ноу“, Барса доминантно во четвртфинале (ВИДЕО)
СледноСелекторот на Данска смирува: Дамсгард ќе игра против Македонија