Барса го загуби првиот голман: Гарсија во „аут“ најмалку две недели

96

Голманот на Барселона Жоан Гарсија ја повреди ногата при крајот од реваншот против Њукасл во осминафиналето на Лигата на шампионите (7:2, прв натпревар 1:1).

Според новинарот на „Ас“, Чави Мигел, Гарсија ќе мора да отсуствува 2-3 недели поради мала повреда на левиот мускул на листот.

Ова не е добар знак за Барселона, затоа што уште двајца фудбалери по денешниот дуел со Њукасл се пожалиле на повреди, но за нив ќе се чекаат утрешните прегледи.

ПретходноКоло Муани ќе си оди од Тотенхем: Полош е и од Тимо Вернер!
СледноЛШ: Ливерпул го прегази Галатасарај, Баерн во два меча и даде 10 гола на Аталанта, јалова победа на Тотенхем (ВИДЕО)