Куп – 1/4 финале: Струга ТЛ двапати водеше, ама Шкендија по пенал – рулетот со пласман во полуфиналето!

183

Струга ТЛ – Шкендија 2:2 или 6:7 на пенали е исходот од последниот четвртфинален меч во Купот на Македонија, кој се одигра попладнево на Градскиот стадион во Струга. Па така Шкендија успеа да се пласира во полуфиналето каде за ривал ќе ја има Шкендија Арачиново.

Стружани можат да жалат, двапати водеа, имаа 2:1 до 90+5.минута но сепак тетовци со многу среќа и умешност дојдоа до пенали, а таму сите погодија освен Јевтоски кој беше трагичарот.

Инаку тимот на Бледи Шкемби од стартот наметна офанзива, имаше посед. Прва шанса ја имаше Јевтоски во 10.минута, но неговиот шут од 17.метри од индирект беше блокиран. Само две минути подоцна, Мици со прекрасен волеј – удар ја погоди рамката на голот на Шкендија, ова ќе беше еден од поубавите голови во Македонија во последно време, штета.

Но само минута подоцна, Струга ТЛ со голот на Радески дојде до 1:0. Некогашниот напаѓач на тетовци, убаво се снајде пред гостинскиот гол и од 6-7 метри ја затресе мрежата на Гаје. Во тие моменти домашните беа далеку подобри, и така беше се до 30.минута кога Шкендија конечно барем малку се ослободи од домашниот притисок. Сепак на пауза се замина со тие 1:0 за домашниот ссостав.

Во второто полувреме тетовци малку се отворија, преку Љатифи во 50.минуита опасно се заканија, но сепак Струга ТЛ за само неколку минути имаше три големи шанси за 2:0, кои не ги искористи. Шабани, Јевтоски и Радески не погодија за удвојувње на водството.

И тие промашувања ги казни Бесарт Ибраими, некогашниот напаѓач на Струга ТЛ. Се играше 74.минута кога Бесарт ја затресе домашната мрежа, прво беше покажан офсајд од помошникот на Фатмир Бафто, но по реакцијата на ВАР собата голот беше признат за 1:1.

Така е тоа во фудбалот.

Но, на сцена стапи Меметриза Хамза со фантастичен гол од слободен удар. Нешто оддесно, тој ја скина пајажината од голот на Гаје за 2:1 за Струга ТЛ во таа 82.минута.

Сепак во 90+5.минута Фетаи по една мешаница пред домашниот гол успеа да донесе 2:2. Стружани беа во шок, секунди ги делеа од полуфиналето, па мораше победникот да биде решен во пенал – рулетот.

А таму подобра беше Шкендија со 4:5 и се пласираше во следната фаза во Купот на Македонија.

Сега веќе се познати двојките во полуфиналните двомечи, кои ќе се играат на 1 и 22 април. Силекс против Охрид и Шкендија – Шкендија Арачиново.

ПретходноЧудо во Загреб: Хрват запиша 91 поени на кошаркарски натпревар!
СледноВардарецот Јака Малус во идеалниот тим на главната рунда во ЛЕ!(ФОТО)