Кошаркарите на Тренто на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски се елиминирани во четвртфиналето на Еврокупот. Вечерва на мечот во Истанбул против екипата на Бешикташ, Тренто загуби минимално со 77:76 и не успеа да направи изненадување против најдобриот состав од регуларниот дел од сезоната.
Јакимовски имаше лоша шутерска вечер и постигна само еден поен за 23 минути на паткетот. Нашиот репрезентативец имаше 0/5 за два поени и 0/2 за три поени. Погоди само еднаш од две слободни фрлања.










