ЛШ -1/8 финале: На потег се Барса и Ливерпул!

86
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Вечерва во стандарните термини ќе се одиграат последните четири реванш средби од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Секако дека најинтересно би требало да биде на “Камп Ноу“ и на „Енфилд“ каде Барселона дома се среќава со Њукасл, а Ливерпул го пречекува Галатасарај.

Нималку едноставна работа нема да имаат гигантите, па затоа велиме дека на потег се Барселона и Ливерпул. Тимот на Ханси Флик мора да победи ако се знае дека на првиот меч беше 1:1, за да оди натаму. Истото важи и за “Редси“, тие ќе имаат уште потешка задача зошто Галата овој реванш ќе го започне со предност од 0:1 заработена на првиот меч во Истанбул.

Баерн игра со Аталанта и веќе е во 1/4 финалето зошто на првиот меч победи како гостин со 1:6, додека Атлетико Мадрид му гостува на Тотенхем со предност од 2:5.

По завршување на овие мечеви ќе се знаат сите четвртфинални двојки. Тоа се Спортинг – Арсенал, Баерн/Аталанта – Реал Мадрид, ПСЖ – Ливерпул/Галатасарај, Тотенхем/Атлетико Мадрид – Барселона/Њукасл.

ПретходноСенегалците огорчени:“Ова ќе биде Трета светска војна“!(ФОТО)
СледноПоглед кој “убива“:„Уф, Вини, колку те мразам“!(ВИДЕО)