Миркуловски и Матлиески именувани за селектори, Купот во Македонија ќе се одржи во Струмица

415

Денеска во просториите на РФМ се одржа редовна седница на Управниот Одбор, на која се најдоа девет точки на дневен ред.

-Новитет во националните тимови е машка репрезентација до 13 и до 15 години. За селектор на репрезентацијата до 15 години е Никола Матлиески, додека пак Филип Миркуловски ќе биде селектор на репрезентацијата до 13 години.

-Федерацијата извести дека инвестира во нови канцеларии, кои ќе бидат во склоп на салата „Јане Сандански“.Планот е старите простории да биде искористен за создавање на апартмани кои ќе бидат искористени за националните селекции. Преселбата на РФМ би требало да биде до јуни, а целта е да биде дологорочна приказна и дом за следните 20 години.

-Управниот одбор при РФМ ги одреди термините за одигрување на завршницата во Купот на Македонија во машка и женска конкуренциј. Град домаќин ќе биде Струмица. На Ф4 во машка конкуренција се пласираа: Вардар, ГРК Охрид, Пелистер и Алкалоид.

Периодот на одигрување е од 17 до 19 април. Истата одлука важи и за женска конкуренција.

ПретходноРФМ ги награди ракометарите со два милиони денари за настапот на ЕП 2026
СледноПолувреме во Струга: Радески “удри“ против Шкендија за водство на стружани!