Она кога славниот Пеп не сака да се поздрави со тебе!(ВИДЕО)

196
ФОТО: Manchester City/FB

Не сакаше да се поздрави или не го виде? Трето нема. Дали ова е гаф на славниот Пеп Гвардиола или едноставно не го виде младиот фудбалер на Реал Мадрид, Тиаго Питарч.

Манчестер Сити и во реваншот беше поразена од Реал Мадрид, а шпанскиот стручњак, и покрај разочарувањето, покажа одличен спортски дух. Но делумно. По натпреварот, Гвардиола помина покрај играчите на Реал и се ракуваше со речиси сите, честитајќи им ја големата победа. Сепак, камерите снимија интересен момент кој брзо стана вирален.
Имено, во еден момент, Гвардиола го игнорираше младиот Тиаго Питарч, кој стоеше во ред чекајќи да биде поздравен. Додека тој ја подаде раката на мнозинството и размени неколку зборови, шпанскиот тренер едноставно помина покрај него – без поглед и без реакција, сцена која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Некои веруваат дека станува збор за ненамерен пропуст во момент на фрустрација, додека други веруваат дека зад сè стои нешто повеќе, иако во моментов нема конкретни докази за ваквите тврдења.
Во секој случај, овој момет фрли мала сенка врз инаку коректниот и спортски потег на тренерот на Сити, кој уште еднаш покажа како емоциите се составен дел од фудбалот на врвно ниво, особено кога се губи од гигант како Реал Мадрид.

ПретходноВардарецот Јака Малус во идеалниот тим на главната рунда во ЛЕ!(ФОТО)
СледноПерфекција во Трета лига – Југ: Ваков гол ни Меси, ни Роналдо не постигнале!(ВИДЕО)