Селекторот на Данска смирува: Дамсгард ќе игра против Македонија

107
фото: Right to Dream (X)

Селекторот на репрезентацијата на Данска, Брајан Ример, за локалните медиуми тврди дека еден од клучните фудбалери во данскиот национален тим Микаел Дамсгард, ќе игра на мечот со Македонија, и покрај најавата дека тој е повреден. Нашата репрезентација идниот четврток во Копенхаген против Данска го игра баражот за пласман на СП 2026.

Микел Дамсгард мораше да го напушти последниот меч за својата екипа Брентфорд во Премиерлигата против Вулверхемптон поради повреда на коленото. Ова природно создаде загриженост кај Данците, но селекторот Ример е смирен и ги отфрла главните загрижености.

„Се слушнав со Дамсгард. Нема непосредна причина за загриженост ниту за него ниту за нас.  Ќе треба да видиме дали е подготвен за натпреварот овој викенд. Но, тоа не е нешто што треба да предизвика загриженост во однос на националниот тим“, истакнал тој.

Сепак, Каспер Шмајхел и Филип Јергенсен сигурно нема да играат со Македонија поради сериозни повреди.

ПретходноСловаците ја победија Украина и се близу до бараж со Македонија
СледноМалерозниот Адетокумбо повторно се повреди