Ракометната репрезентација на Словачка направи голем чекор кон пласманот во втората рунда од баражите за Светското првенство 2027. Словаците вечерва како гости славеа против селекцијата на Украина со 24:27 и со една нога зачекорија кон бараж пресметка со нашата репрезентација во финалниот круг од баражите кои водат на светскиот шампионат.
Словачка одигра одличен меч и во двете полувремиња, успевајќи да најде начин како да го запре украинскиот напад и со брзи контри полуконтри да направи разлика. На полувремето Словачка имаше предност од пет гола, па во вториот дел се обидуваше истата да ја задржи. Украина во финишот на празен гол успеа да постигне неколку гола и да го ублажи поразот.
Бриатка со 7 гола беше најефикасен кај Словачка, додека кај Украина, Турченко како да играше сам и постигна 11 гола.










