Смилковски: Златибор погоди 19 тројки – нешто невообичаено!

77

ТФТ беше убедливо поразен (101-86) на првиот четвртфинален натпревар против Златибор во плеј-офот во АБА2-лига. Македонскиот тим прими 19 тројки, нешто што ретко се гледа на еден меч, противникот на дело покажа зошто е фаворит.

Тренерот Боро Смилковски потенцира дека мора да го промени фокусот, но и да го спроведат планот во текот на сите 40 минути.

„Им честитам на домашните за апсолутно заслужената победа. Мислам дека одиграа фантастичен натпревар, а она што го видов беше дека низ призмата на статистиката, немавме ни толку лоша игра, а ако нешто се издвојува од овие бројки, тоа се шутевите за три поени. Златибор погоди 19 тројки, шутираше со 54% ​​процент на успешност, што е невообичаено за ова ниво на натпреварување. Тие беа одлични и во пик енд рол играта, се обидовме да промениме неколку одбрани, но тие покажаа зошто се толку доминантен тим во АБА2 оваа година. Ние сме млад тим со многу Американци и ни треба малку повеќе време да се смириме по овој натпревар. Треба да го промениме фокусот и извршувањето на планот за игра во текот на сите 40 минути, како што одговара.“

ПретходноУ-19: Капинковски го објави списокот за квалификацискиот турнир во Холандија!
СледноСенегалците огорчени:“Ова ќе биде Трета светска војна“!(ФОТО)