ЛЕ и ЛК: Селта преку Лион во 1/4 финале, Нотингем Форест по пенал – серијата во следната фаза!

54
ФОТО:facebook.com/rccelta/

Вечерва од 18:45 часот се одиграа седум реванш мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Интересно беше во Лион, каде гостинската екипа на Селта успеа да победи со 0:2, со головите на Руеда и Јутгла, со вкупни 1:3, и со тоа да се пласира во следната фаза.

Таму е и Генк кој со 5:1 го декласира Генк. Нотингам по поразот дома од Митјиланд, вечерва како гостин победи со 1:2, па по подобро изведување на пеналите се пласираше во 1/4 финалето.

Во ЛК пирова победа на Цеље како гостин кај АЕК со 0:2, ако се знае дека на првиот меч грчкиот тим победи со 0:4. Во следната фаза се и Мајнц и Фиорентина која вечерва на гости славеше кај Раков со 1:2.

Кристал Палас играше продолженија кај АЕК Ларнака и успеа да победи со 1:2 за пласман понатаму.

ЛЕ – РЕЗУЛТАТИ

Фрајбург – Генк 5:1

Лион – Селта 0:2

Митјиланд – Н.Форест 1:2 (0:3)

ЛК – РЕЗУЛТАТИ

АЕК – Цеље 0:2

АЕК Ларнака – Кристал Палас 1:2 (продолженија)

Мајнц – Сигма 2:0

Раков – Фиорентина 1:2

*Екипите кои се болдирани одат натаму

ПретходноРаботнички убедлив против Ангели во Градски Парк!(ФОТО)
СледноИ Столе во салата на дербито меѓу Валенсија и Барса во Евролигата!