Нов гол за македонскиот интернационалец, а сега веќе и репрезентативец Дени Мусовски.
Напаѓачот е стрелец во дуелот од Конкакаф Лигата на шампионите против тимот на Ванкувер, во меч кој заврши 2:1, а Мусовски погоди за израмнување.
Инаку, ова беше реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ, а првиот меч Мусовски и соиграчите го добија со 3-0. Во четвртфиналето ги очекува дел против Тигрес или Синсинати.










