ГРК Охрид, во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп, за противник, го доби тимот на Олимпијакос.
Со оглед на вжештената атмосфера по минатогодишното финале во ова натпреварување помеѓу екипите на Алкалоид и АЕК, двата клуба во соработка со ЕХФ одлучија да не продаваат билети на гостински навивачи на двата меча.
Ова го потврдија од таборот на ГРК Охрид, а во целост ви го пренесуваме нивното соопштение.










