Работнички убедлив против Ангели во Градски Парк!(ФОТО)

88

Вечерва во новата сала “Лазар Лечиќ“ во Градски Парк, во првиот меч од 20.коло од нашата елитна кошаркарска лига, Работнички со 107:67 успеа да го победи составот на Ангели.

Ова беше осма победа за Работнички а 12-ти пораз за гостите во досегашниот дел од првенството.

Се очекуваше победа на Работнички, и така домашните беа фаворити, но сепак можеби не така убедлива, со постигнати повеќе од 100 поени.

Домашните уште во “првото“ полувреме го решија прашањето околу победникот ако се знае дека првите две четвртини ги добија со 30:16 и 35:14. Во продолжение од средбата тоа беше само рутинско одработување на задачата. Кошаркарите на Ангели колку и да се трудеа, сепак немаа сила да му се спротистават на расположениот домашен тим кој кога игра во својата сала е некоја друга песна.

Ефремовски со 26 поени и вечерва беше најефикасен кај Работнички, Рикиќ запиша 20 поени. Додека кај гостите Ренг запиша 16 поени.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноИсториски ФИС поени за Македонија: Јана Атанасовски триумфираше во Австрија и Италија! (ФОТО)
СледноЛЕ и ЛК: Селта преку Лион во 1/4 финале, Нотингем Форест по пенал – серијата во следната фаза!