Ракометарките се враќаат во Скопје за дуелот со Германија

113

Македонската женска ракометна репрезентација е на добар пат да се пласира на Европското првенство 2026 година. Против Белгија успеа да дојде до првата победа, откако претходно беше поразена од истата селекција на гостински терен.

До крајот на квалификациите остануваат уште два меча против Словенија и Германија, а против фаворитите нашите ракометарки ќе мораат да се изборат за што подобра гол-разлика за да можат да се надеваат дека како третопласирана селекција ќе патуваат на континенталниот собир.

После Куманово, РФМ одлучи дуелот против Германија на домашен терен, Македонија да го игра во Скопје. Мечот се игра на седми април со почеток во 18 часот, во салата „Борис Трајковски“.

ПретходноСè е откажано во Мајами (ВИДЕО)
СледноНејмар демонстрираше тактика за пенали која ги излудува голманите (ВИДЕО)